партнери








насловнамапаконтакт
ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 2 ПАТРОНАЖНИ СЕСТРИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТУБЕРКУЛОЗА ПОДДРЖАНА СО ГРАНТ ОД ГЛОБАЛНИОТ ФОНД
Министерството за здравство на Република Македонија, како примарен примател на средствата од грантот на Глобалниот фонд, има потреба од 2 патронажни сестри ангажирани со полно работно време кои ќе бидат задолжени за спроведување на активности поврзани со ДОТ (директно опсервирана терапија ) на лица заболени од туберкулоза во Скопје и околината...


ОГЛАС ЗА АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ - СЕКРЕТАР ЗА ПРОГРА- МАТА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТУБЕРКУЛОЗА ПОДДРЖАНА СО ГРАНТ ОД ГЛОБАЛНИОТ ФОНД
Министерството за здравство на Република Македонија, како примарен примател на средствата од грантот на Глобалниот фонд, има потреба од ангажирање на административен асистент - секретар со полно работно време, одговорен за спроведување на рутински канцелариски и административни задачи кои се однесуваат на обезбедување поддршка на работата на канцеларијата и спроведување на активностите од грантот. Тој/таа ќе работат под директна супервизија на координаторот на програмата и ќе соработува со членовите на тимот и секундарните приматели на програмата...


ОГЛАС ЗА КОНСУЛТАНТ ЗА СЛЕДЕЊЕ И ПРОЦЕНКА НА ПРОГРА- МАТА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТУБЕРКУЛОЗА ПОДДРЖАНА СО ГРАНТ ОД ГЛОБАЛНИОТ ФОНД
Министерството за здравство на Република Македонија, како примарен примател на средствата од грантот на Глобалниот фонд, има потреба од локален консултант ангажиран со полно работно време кој ќе биде задолжен за целокупно следење и проценка на програмските активности за туберкулоза. Тој/таа ќе работи под директна супервизија на координаторот на програмата за туберкулоза и тесно ќе работи со техничките групи одговорни за следење и проценка на програмата на Глобалниот фонд...


ОГЛАС ЗА ФИНАНСИСКО – АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ НА ПРОГРАМАТА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТУБЕРКУЛОЗА ПОДДРЖАНА СО ГРАНТ ОД ГЛОБАЛНИОТ ФОНД
Министерството за здравство на Република Македонија, како примарен примател на средствата од грантот на Глобалниот фонд, има потреба од локален консултант ангажиран со полно работно време кој ќе биде задолжен за спроведување на активности поврзани со административното и финансиско работење на Единицата за имплементација на грантот. Тој/таа ќе работи под директна супервизија на координаторот за финансиско и административно -правно работење и тесно ќе соработува со вработените од Министерството за здравство задолжени за финансиското работење. Асистентот ќе работи во рамките на прописите за финансиско работење, процедурите на работење на Глобалниот Фонд, согласно буџетот и работните планови одобрени од НКМ и ГФАТМ...


ОГЛАС ЗА КОНСУЛТАНТ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА на ПРОГРАМАТА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТУБЕРКУЛОЗА ПОДДРЖАНА СО ГРАНТ ОД ГЛОБАЛНИОТ ФОНД
Министерството за здравство на Република Македонија, како примарен примател на средствата од грантот на Глобалниот фонд, има потреба од локален консултант ангажиран со скратено работно време кој ќе биде задолжен за спроведување на активности поврзани со односи со јавноста на Единицата за имплементација на грантот и секундарните приматели. Главна задача на Консултантот ќе биде да го обезбеди планираниот исход на програмските цели во однос на активностите за застапување, лобирање, комуникација и општествена мобилизација (ACSM активности). Консултантот ќе биде задолжен за координација, фасилитирање и надзор над имплементацијата на програмските активности поврзани со јавноста и масовните медиуми. Тој/таа ќе работи под директна супервизија на програмскиот координатор и Консултантот за Мониторинг и Евалуација...


 
  
Публикации
Национална стратегија за контрола на туберкулоза 2008-2012

Информации за туберкулозата наменети за припадници на ранливи групи
Информации за туберкулозата наменети за општа популација



Грант од Глобален фонд за подобрување на контролата на туберкулозата во РМ
50 Дивизија бр. 18, Скопје; Teл/Факс +389.02.3177.983