партнери








насловнамапаконтакт
За нас: За ГФАТМ
Општи податоци за Глобалниот фонд за борба против сида, туберкулоза и маларија

Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија е оформен  во јануари 2002 година со цел значајно да придонесе во зголемувањето на финансиските средства за борба против три од најголемите светски болести - сидата, туберкулозата и маларијата, како и да ги насочува овие средства кон оние делови од светот каде што се најнеопходни. Глобалниот Фонд, како партнерство помеѓу владите, граѓанскиот и приватниот сектор, претставува еден иновативен пристап на финансирање во меѓународниот здравствениот сектор.
   
Основни принципи и финансирање на Глобалниот фонд
  • Обезбедува грантови на локално развиени програми за борба против СИДА, туберкулоза и маларија за кои земјите доставуваат предлог апликација  во тековнита рунда.
  • Финансиран од замјите членки на Г8 групата, донации на влади од други земји, организаации и приватниот сектор
  • Финансирањето на програмите од страна на Глобален Фонд се врши врз основа на постигнати резултати
  • Формиран според законите на Швајцарија со седиште во Женева
  • Функционира како финансиски инструмент а не како имплементирачко тело
  • Поддржува национални програми
  • Функционира рамномерно во смисла на географски предел, болест или интервенција
  • Се залага за интегриран и балансиран пристап на превенцијата  и третманот
  • Процесот на доделување на грантови е едноставен, брз и иновативен
  • Има транспарентен процес на работа
  Организациона структура на Глобалниот Фонд  
  • Собрание - составено од преставници на влади, граѓанско општество, приватен сектор и технички партнери
  • Секретаријат - ги прима предлог проектите за грант
  • Тим за технички преглед - врши технички преглед на предлозите за грант
  • Партнерски форум - дава сручни совети и препораки
Процес на одобрување на Грант од Глобален Фонд
  1. Глобалениот  Фонд објавува нова рунда за поднесување на предлог проеки
  2. Национален Координативен Механизам - НКМ припрема предлог проект за грант од областа СИДА, туберкулоза и маларија
  3. Апликација на предлог проектот до Секретаријатот на Глобален Фонд
  4. Собранието на Глобалниот Фонд дава одобрување на предлог проектот за грант
  5. Проценка на Примарниот примател/и на грантот од страна на Локален фонд агент селектиран од страна на Глобалниот Фонд
  6. Потпишување на договор за грант помеѓу  Глобалниот Фонд и Примарниот примател 
  7. Примарниот примател склучува договор со Секундарните приматели кои се директни имплементатори на програмските активности.

 
  
Публикации
Национална стратегија за контрола на туберкулоза 2008-2012

Информации за туберкулозата наменети за припадници на ранливи групи
Информации за туберкулозата наменети за општа популација



Грант од Глобален фонд за подобрување на контролата на туберкулозата во РМ
50 Дивизија бр. 18, Скопје; Teл/Факс +389.02.3177.983